Принтање во боја на пласитични и метални ознаки за проводници и кабли!
Принтање во боја на пласитични и метални ознаки за проводници и кабли!
Ефикасни и сигурни напојувања во компактен  дизајн по достапна цена!
Ефикасни и сигурни напојувања во компактен дизајн по достапна цена!
Докажано најиздржливи контактори во тешки услови до 2600А!
Докажано најиздржливи контактори во тешки услови до 2600А!

 

 

SmartWire-DT 

Технологија SmartWire-DT®

Производителите на машини и системи се стремат да ја постигнат рамнотежата помеѓумаксималното ниво на функционалност и оптимизација на трошоците. SmartWire-DT е комуникациски систем за индустриски постројки, се базира на концептот наконтинуиран развој во контролниот панел и периферните уреди: од контрола преку заштита и преклопување, и го опфаќа делот на побудување, работа и следење. Од оваа технологијата имате добивка како сега така и во иднина.          

Технологијата SmartWireDT и овозможува на целокупната опремата од програмата EATON која се вградува во моторнитеапликации, едноставни и брзи SmartWireDT способности. Системот нуди максимална ефикасност на минимален простор.

Влезете во "светот SmartWire-DT®", приспособете ги вашите апликации со SmartWire-DT®.

Превземи датотека

Тастери

tasteri

 Ергономски контролни елементи RMQ Titan
RMQ-Titan® елементите се идеални за примена во контролни кругови при изведба на машини и ормари. Во изборот за најдобро решение се вклучува нивниот атрактивен и ергономски дизајн,  флексибилноста и разновидност. Во овој сегмент спаѓаат следните елементи:


•    Повратни и неповратни тастери
•    Печуркасти тастери
•    Двојни тастери
•    Тастери со 4 позиции
•    Тастери со светлосен индикатор
•    Светлосен (LED) индикатор
•    Гребенаст тастер
•    Тастер со клуч
•    Џојстик
•    Тастери EMERGENCY STOP/ OFF
•    Потенциометри
•    Додатни елементи
•    Печурка за итен стоп FAK
•    Индустриски семафори

Превземи датотека

Kрајни пекинувачи, притисочни склопки и сензори

krajniprekinuvaci

 

LS крајни пекинувачи, MCS притисочни склопки и сензори
LS-Titan крајните прекинувачи имаат висока флексибилност и безбедност, нивната инсталација е брза и лесна. Имаат степен на заштита IP66. LS-Titan е достапен во две верзии: за нормални услови на работа во корозивни средини или во индустрија за храна, верзијата LS со нивното пластично куќиште ги задоволува условите за работа, додека пак верзијата LSM со нивното робустно метално куќиште се прилагодени за механички пооптоварени средини.
Сите уреди се вклучуваат механички, нивниот редослед на контакти е погоден за употреба во струјни кола каде е потребна безбедност. Имаат уникатна способност да се комбинираат со повратни и неповратни тастери, гребенасти и тастери за итен стоп од палетата RMQ-Титан.

Превземи датотека

Сензорите односно бесконтактните прекинувачи се достапни во повеќе варијанти. Широкиот спектар на  индуктивни, капацитивни, оптоелктронски и механички сензори се со повеќе опции на поврзување со директен или алтернативен напон со два или три проводника, кои ги покриваат приближно сите апликации.

Превземи датотека

Притисочни склопки се контролни уреди со кои се следи притисокот на одреден медиум а потоа го претвораат во електричен сигнал. Тие се користат за следење на притисокот на течни и гасни медиуми. Притисочните склопки MCS имаат две прилагодливи позиции (вклучи и исклучи).

Превземи датотека
 
 

Контактори и биметали 

kontaktori

Контактори

Новоразвиените DILM контактори се значително покомпактни отколку нивните претходници. Имаат интегриран помошен контакт на контакторите до 38 А. Оваа предност е особено впечатлива кај DC контакторите, кои сега се со иста големина како и АC контакторите. Ова го прави планирањето, инженерингот и вградувањето многу полесно, исто така ја намалува потребата од промени во системите за контрола, дури и ако има потреба од промена на контролната струја за друг клиент.

•    Контактори од 7 А до 170 А
•    Контактори од 185 А до 225 А
•    Контактори од 250 А до 500 А
•    DILM вакумски контактори од 580 до 2600 А

Превземи датотека

Биметални релиња

Функцијата и работниот век на моторите зависи главно од биметалната заштита. Атрактивната цена е опција за целосна заштита на моторот, има можност за вмрежување. Eaton го нуди вистинското решение за секоја апликација.

Карактеристики:
•    Најдобро решение за заштита на моторот
•    Електроника која се самоснабдува со енергија, на тој начин се избегнува потребата за поврзување со надворешен извор
•    Намален број на варијанти со што се намалуваат трошоците за додатоци и се поедноставува процесот на селекција и инженеринг
•    Подесување за оптимална заштита во различни почетни услови
•    Може да се монтира директно на контактор DILM со што се заштедува просторот во контролениот панел
•    Автоматски / рачно ослободување така се добива брз процес на започнување нов работен циклус и подобрена достапност
•    Подесување на осетливоста по фаза за симетрични и асиметрични товари
•    Уред со ЛЕД за рано откривање на преоптоварување
•    Интегрирана заштита од грешка при заземјување

Превземи датотека

 

Прекинувачи, софтстартери, фреквентни инвертори

prekinuvaci

 PKZ и PKE моторно заштитни прекинувачи и комбинации моторни стартери.
Времето на застој на машините и инсталационата опрема треба да биде што е можно пократок. PKZ  моторно заштитните прекинувачи имаат комбинација на заштита од краток спој и преоптоварување, овозможувајќи брз рестарт. PKZM01, PKZM0, PKZM4 и PKE имаат исти додатоци. Лесно се комбинира со DILM контакторите и DS7 стартери за меко пуштање во работа на моторите.
Поврзување PKE со SmartWire-DT овозможува високо ниво на транспарентност на податоците.

Превземи датотека

Електронски мотор стартер
Најновата технологија која е објавена од програмата EATON e Електронскиот мотор стартер. ЕМС е опремен со солид стејт контактори и заштита од преоптоварување, истите се сместени во компактно куќиште кое е лесно за инсталација. ЕМС е оспособен со функција за напред и наназад без употреба на дополнителен контактор. Исто така е опремен со функција итен стоп ( по избор). Ова е компактно решение кое обезбедува до 78% заштеда на простор во однос на традиционалните електро-механички стартери.

Превземи датотека

Софтстартери
Софтстартери овозможуваат мек старт на наизменична струја на асинхроните мотори и постојана променлива контрола на напонот на моторот во почетната фаза. Зголемениот вртежен момент на моторот е резултат дека моторот е прилагоден на карактеристичниот товар на машината и забрзувањето се постигнува според зададените параметри. Софтстартерите DS7 се приспособени на системот за комуникација SmartWire-DT.

Превземи датотека

Фреквентни инвертори
Фреквентни инвертори дозволуваат постојано контрола на променливата брзина на трофазен асинхрон мотор, со претворување на наизменичната струја со специфична фреквенција и амплитуден напон на една или три фази во трифазна наизменична струја со променлива амплитуда на напонот.

Превземи датотека
 
   

Програмибилни, мерни и модуларни релија

relei

 еasy 500/700/800 Програмабилни Релеи
Три видови програмабилни релеи ја сочинуваат производната линија: easy500, easy 700 и easy800. Тие нудат повеќе од 35 стилови кои поддржуваат од 12 I/O единици максимум до 320 I/O единици и на тој начин обезбедуваат идеално решение за осветлување, управување со енергијата, индустриска контрола, за наводнување, за контрола на пумпи, греење и автоматизација во домовите. Откако програмабилните релеи ќе ги инсталирате, преостанатите промени лесно се остваруваат преку предниот панел за програмирање, така се минимизираат застоите.

Превземи датотека

 

 


Модуларни прогламабилни логички контролери (PLC) и дополнителни XC модули
Модуларниот PLC модул има скаларна структура што ги прави погодни за вградување во поголемиот дел од апликациите. Корисниците имаат флексибилност во дизајнирањето на нивните системи за автоматизација, се со цел да одговараат на нивните барања. Дополнителни функции вклучуваат интеграција во концептот на модерната комуникација и мрежните опции.

Превземи датотека

easy Безбедносни  Релеи

Безбедноста на персоналот и машините треба да се воспостави во текот на целиот животен циклус на машината или фабриката. Оваа заштита обично вклучува користење на релевантни безбедносни компоненти како што се крајни прекинувачи, светлосни елементи, рачни контроли, копчиња за итен-стоп итн. Информациите поврзани со безбедноста се следат и оценуваат од релеите за контрола на безбедност на ЕАТОN која ги исполнува највисоките барања за безбедност.

Превземи датотека

Превземи датотека

EMR4 / EMR5 Мерни и мониторинг  релеи

Релеи за мерење и следење се бараат за различни апликации во електричната разводна технологија. EMR4 / EMR5 релеите за мерење и следење покриваат широк опсег на апликации. Сите релеи се уреди кои се употребуваат на светските пазари во согласност со IEC / EN 60.947 и UL /CSA  одобрение. Повеќето релеи се карактеризираат со повеќе напонски нивоа на намотката. Ова ја подобрува флексибилноста и го поедноставува изборот на производот.

Превземи датотека

HMI/PLC индустриски системи за визуелизација

HMI/PLC индустриски системи за визуелизација на допир: систематска визуелизација и контрола. Големина на дисплејот од 3,5 "до 15", материјали од кои е изработен е пластика, метал или од нерѓосувачки челик, отпорен на надворешни влијанија или е со инфра-црвена технологија на допир.

Превземи датотека
  


Трансформатори

transformatori

 STN управувачки трансформатори

STN управувачките трансформатори обезбедуваат сигурен работен напон во контролните и помошните кола во дистрибуција на електрична енергија и автоматизација - потполна сигурност во секое време.

Контролни, изолирани и безбедносни трансформатори

STI, STZ, DTI и DTZ контролни, изолирани и безбедносни трансформатори имаат UL/CSA одобрение и затоа се погодни за употреба на светско ниво. STI и STZ еднофазните трансформатори и DTI и DTZ трифазните трансформатори се погодни за сите апликации кои бараат поголема безбедност во системот за контрола.

Превземи датотека

 

 

 

Струјни прекинувачи и автоматски осигурачи

strujnikola

 Струјни прекинувачи серија NZM

Струјните прекинувачи од серијата NZM на програмата EATON обезбедува најширока палета на прекинувачи и додатоци до 1600A и расклопна моќ до 150 kA. Опсегот на заштита  вклучува селективен LSI електронски прекинувач, како и вградена заштита за моторот. NZM е најдобриот избор за изведувачите на ормари и производителите на машини.
Имаат можност за далечинско управување.

Превземи датотека

Воздушни Струјни прекинувачи

Модерни системи за дистрибуција на енергија под низок напон, особено кој оние за регенеративни апликации, е повеќе компактен, но има повисоки барања од интегрираните компоненти.
Новиот "Серија NRX ' ги исполнува зголемените потреби со ново употребените материјали и конструктивна измена. Со двете компактни димензии кои се применуваат кај помалите контролни панели. Модуларниот дизајн и заедничка палета на додатоци овозможува едноставна интеграција. "Серија NRX 'нуди висок степен на функционалност и комуникациски способности со импресивни перформанси.

Превземи датотека

Автоматски осигурувачи  - xEffect индустриска серија

Кога станува збор за заштита и комутација, на високо квалитетни, безбедни и сигурни производи на x Ефект Индустриската серија, се гаранција за заштита на луѓето, инсталации и системи во светот.  Дизајнирани се за индустриски и крајно комерцијални апликации. Серијата MCB xEffect вклучува помошни контакти, модули за далечинска контрола, брави, собирнички шини и додатоци.

Превземи датотека

Собирнички систем и куќишта

kukista1

 SASY 60i собирнички систем
SASY 60i е безбеден, компактен, модуларен собирнички систем за ефикасна дистрибуција на енергија во контролниот панел. Системот има можност за монтирање на струјни прекинувачи, разделувачи, како и моторни заштити. Сето тоа се изведува брзо и ефикасно.
На најновата генерација на моторни заштити и струјни прекинувачи, SASY 60i обезбедува универзално, сертифицирано решение за комутација, управување, заштита и дистрибуција на енергија во светот.

Превземи датотека

CI Изолирани куќишта
CI изолирани куќишта се отпорни на големи температурни промени (од -40 ° C до +120 ° C), а исто така  отпорни се на сите видови климатски промени  и надворешни влијанија. Целосна заштита на целокупната опрема до 1600 А нуди персонална и работна сигурност и штити од корозија. Високата заштита IP65 овозможува универзална примена.

Превземи датотека

CS метални куќишта
    CS куќишта се користат секаде каде што има потреба од ефективна заштита од контакт со активни компоненти. Има 45 големини на куќишта со заштита IP66 и ефикасна палета на додатоци за внатрешна и надворешна инсталација.

Превземи датотека