Принтање во боја на пласитични и метални ознаки за проводници и кабли!
Принтање во боја на пласитични и метални ознаки за проводници и кабли!
Ефикасни и сигурни напојувања во компактен  дизајн по достапна цена!
Ефикасни и сигурни напојувања во компактен дизајн по достапна цена!
Докажано најиздржливи контактори во тешки услови до 2600А!
Докажано најиздржливи контактори во тешки услови до 2600А!

 

 



Редни Стегалки

 rednastegalka


WEIDMÜLLER – водечки светски производител на спојна техника во електриката, нуди комплетен    програм на редни стегалки со различен начин на спојување. Изработени се од најквалитетен материјал, кој гарантира сигурен и функционален спој во сите погонски услови.
•    Навоен спој ( W серија и SAK серија )
-    W серија редни стегалки од 0,05 mm² do 300 mm². Изработени се од термопласт со цементиран челик за механичка цврстина и еластичност и високо квалитетен поцинковен бакар. Сите употребени материјали се ускладени по RoHS.
-    SAK серија редни стегалки се класична варијанта на WEIDMÜLLER редни стегалки со долгогодишна присутност на пазарот. Изработени се од термо или дуропласт.
•    Безнавоен спој ( спој со опруга, Z серија )
-    Z серија редни стегалки осигуруваат 100% заштита од евентуално отпуштање на спојот поради вибрации. Нивната предност е во брзината на спојување, висока температурна постојаност и квалитетен спој, па не бара одржување.
•    Push-In технологија ( P серија )
-    Предност е во поголема брзина на спојување и споевите до 16mm2 ги решавате со 3 (три) наместо 5 (пет) величини на стегалки.
•    IDC – спојување без отстранување на изолацијата на проводникот.

Интернет каталог (Универзални клеми)

Интернет каталог (Клеми за конкретни апликации)

Интернет каталог (Додатни елементи) 

 

РСВ Конектори

 

PCB

WEIDMÜLLER нуди широка палета на конектори за печатени електронски плочки. Во понудата се различни големини, облици и начин на спојувања со растер од 3.5мм до 10мм.


Интернет каталог (PCB клеми и конектори)

Интернет каталог (Интерфејси за PLC и решенија за миграција)

 

 

 

 

 

 

Индустриски конектори

Connectors

 

Тешките конектори ( HDC - конектори ) се денес општо прифатен начин на едноставно и сигурно спојување на машините и уредите. Куќиштето на конекторот е изработено од алуминиумска легура која пружа извонредна заштита од прав, влага и механички оштетувања.
Посебниот модуларен систем овозможува поврзување на сигнали, напојувања, комуникации во пневматиката во еден конектор.
WEIDMÜLLER со својата RockStar®серија на тешки конектори нуди многу патентирани иновации. RockStar® со своите решенија поставува нови стандарди.
Куќиштата на конекторите се изработени од високо квалитетен силумин. Отпорни се на удари и корозија. Можат да се применат во различни тешки околности, отпорни се на студ и вибрации.

Интернет каталог (HDC, Податочни, Сигнални, Енергетски, Конектори за фотоволтаици)

Интернет каталог (Безконтактни конектори)

 

 

 

 

Електроника

Elektronics

 На полето на функционалната електроника WEIDMÜLLER развива и произведува електронски компоненти за индустриска автоматизација, надзор на процеси и производство на енергија во IP20 и IP67 заштита.
Производите на WEIDMÜLLER за функционалната електроника ги примаат и претвараат аналогните и дигитални процесни сигнали; ги управуваат, вклучуваат и надгледуваат актуаторите; ги напојуваат електронските компоненти; ги штитат напојните водови и потрошувачи.
Со стандардизација, надгледување, галванско одвојување, мултиплицирање и појачување на сигналот, WEIDMÜLLER заокружи една функционална целина.
Со фукционални прилагодувања помеѓу PLC и погон, како и со развод, надзор и заштита на собирничките линии, функционалната електроника покрива комплетен спектар на индустриски сигнали и обработка на податоци.
WEIDMÜLLER во својата понуда има компоненти со следните функции:

•    Аналогни претворувачи
•    DC/DC претворувачи и галвански одвојувања
•    Струјни претворувачи
•    Напонски претворувачи
•    Претворувачи за сензори на температура
•    Претворувачи на фреквенција
•    Алармни модули за надзор на електрични величини
•    AD/DA претворувачи
•    LED прикажувачи
•    Напојувања и УПС
•    Релеи ( од многу мали MICROSERIES па се до енергетски бесконтактни релеи на висока снага Solid-state )  
•    Оптокоплери
•    Пренапонска заштита
•    Интерфејси и PLC преноси
•    Мерни инструменти ( Power Monitor )
•    Влезно/излезни модули U-remote I/O

Интернет каталог (Електроника)

Интернет каталог (Автоматизација и Софтвер)

Интернет каталог (Сервисни приклучници)

Куќишта / Ормари 

kukista

Веќе подолг период на години, името Klippon ® означува стручност и квалитет за куќишта прилагодени на решенија за индустриски тип на апликации како и на решенија за тешки услови на работа. За да ги оправда овие тврдења, WEIDMÜLLER лансира серија на куќишта од нерѓосувачки челик - Klippon ® TB серија и од алуминиум - Klippon ® K серија. Портфолиото е заокружено со куќишта од полиестер - Klippon® POK серија и со полукарбонатни куќишта.

Интернет каталог (Индустриски ормари и кутии)

Интернет каталог (Модифицирани и веќеизготвени ормари)

Интернет каталог (Уредување на ормарот)

Интернет каталог (Индустриско осветлување)

 

  

Алати

Tools

WEIDMÜLLER нуди широка палета на професионален алат за обработка на проводници и кабли.
Во понудата се:
•    алати за сечење на проводници и кабли од бакар и алуминиум
•    алати за отстранување на изолација ( бланкирање )
•    алати за кримпање
•    одвртувачи
•    различни видови на клешти
•    мерни уреди и уреди за испитување
•    сет алати
•    торби и куфери со сет алат и туљци
•    празни торби и куфери за алат
•    автoматски машини за отстранување на изолација и прицврстување на туљци

Интернет каталог (Алати)

Интернет каталог (Автоматски машини)

 

 

 

  

Обележување

Marking

 

WEIDMÜLLER има во својата понуда широка палета на ознаки за редни стегалки, ознаки за жици, кабли и уреди.
Обележувањето може да биде на повеќе начини, во различни бои, букви, бројки и симболи.
Исто така во понудата има и метални ознаки за обележување на ормари, машини, уреди со можност за печатење во боја и печатење на сопствено лого.
WEIDMÜLLER нуди и свои принтери за печатење на ознаки ( Ink-Jet, LaserJet, плотер, термо пишувач ) и софтверски решенија за истите ( M-PRINT Pro ).

Интернет каталог (Принтери)

Интернет каталог (Обележувања)

Интернет каталог (M-Print PRO софтвер)

 

 

 

 

Мрежна опрема

Industrial Ethernet

Активна и пасивна опрема за индустриско умрежување. Индустриски  Ethernet, Profibus, Profinet, Canopen, Devicenet и Ethercat, за кои нудиме широк избор на опрема.
Предностите кои ги нуди индустрискиот Ethernet се:
o   Оптимална интероперативност со машински апликации
o   Конзистентна технологија
o   Користење на постоечки IT вештини
o   Загарантирана иднина благодарение на усогласеност со IEEE 802.3
o TCP/IP стандард овозможува web интерфејси за одржување и подесување
Weidmüller во својата понуда ги нуди следните производи:
•    Преклопници ( Switch-evi )
-    неуправливи Switch-evi( WaveLine, Eco-Line, Advanced Line)
-    yправливи Switch-evi (Fast и Gigabit), 4 POE porta (Power Over
Ethernet)
-    Switch-evi во IP67 изведба
•    Сигурносни рутери со интегриран firewall (2 Gigabit portovi LAN/ WAN)
-    NAT masquerading, 1:1 network mapping и port forwarding
VPN функција (Open VPN и IPsec)
-    Типкало функција за овозможување/ оневозможување WAN/VPN врски
-    Варијанта со интегриран 3G/UMTS модем за high-speed, мобилниот пристап на интернет комуникација се темели на (1345250000, IE-SR-2GT-UMTS / 3G)
-    Варијанта без VPN функција за NAT и сигурносни апликации (1489940000, IE-SR-2GT-LAN-FN)
•    Медиа конвертори
-    10/100BaseT (X) auto-negotiation и auto MDI/MDI-X
Link Fault Pass-Through (LFP)
-    Предупредување во случај на прекин на струја или дефект на портот
-    Редундантно напојување на влезовите
-    40 до 75°C работна температура ( T модели )
Дизајниран за подрачја загрозени од експлозиви ( класа 1 Див.2 /ATEX зона 2)
•    SAI активна опрема – вклучува компоненти fieldbus PROFIBUS-DP, DeviceNet ™, CANopen, индустриски Ethernet
•    Мрежни конектори
•    Бакарни и оптички кабли
•    Сензорски кабли

Интернет каталог (Индустриски свичеви)

Интернет каталог (комплет податочни, сигнални и енергетски кабли со конектори)

Инсталациска опрема

instalaciska

 

WEIDMÜLLER нуди голем избор на инсталациска опрема:
-  пластични и метални уводници ( PG и метрички ) со различно ниво на IP заштита за различни апликации и EX апликации
-    туљци ( изолирани и неизолирани) со различна големина
-    фастони
-    везици
-    кабел папучи
-    DIN шини и др.

Интернет каталог (Кабел уводници)

Интернет каталог (Систем за влез на кабел во ормарот)